Колку вреди Погба? Три состави кои Манчестер можеше да ги состави за 105 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цел ден се зборува за трансферот на Пол Погба.

Се излажаа оние кои мислеа дека ќе завршат медиумските пишувања за Пол Погба кога потпиша за Манчестер Јунајтед. Дури сега почнаа разни анализи, коментари, предвидувања и се она што го следи најголемиот трансфер.

Манчестер Јунајтед за Пол Погба плати 105 милиони евра, а Јувентус ќе добие и бонус од 5 милиони евра. Никој до сега не е платен толку, а за каков износ се работи покажа и анализата на Скавка чии новинари составија три различни состави кои ова лето можеше да ги состави Манчестер Јунајтед за платената сума на Пол Погба.

Има и бесплатни фудбалери, има и 32 милионски плати, млади, стари и искусни.

Прв состав:

Стив Манданда (Марсеј – Кристал Палас) бесплатно

Дани Алвеш (Барселона – Јувентус) бесплатно

Давиде Астори  (Каљари – Фиорентина) 3.5 милиони

Камил Глик (Торино – Монако) 11 милиони

Рафаел Гереиро (Лориент – Борусија Дортмунд) 12 милиони

Евер Банега (Севиља – Интер) бесплатно

Гансо (Сао Паоло – Севиља) 9.5 милиони

Оусман Дембеле (Рен – Борусија Дортмунд) 13 милиони

Мануел Ланзини (Ал Џазира – Вест Хем) 12 милиони

Мохамед Салах (Челси – Рома) 15+5 милиони

Хесе Родригез (Реал Мадрид – ПСЖ) 25 милиони

Вкупно: 105 + 5 милиони евра

 

Втор состав:

Рон Роберт Зелер (Келн – Лестер) 3.5 милиони

Томас Мение (Клуб Бриж – ПСЖ) 7 милиони

Николас Н Кулу (Марсеј – Лион) бесплатно

Марк Бартра (Барселона – Борусија Дортмунд) 8 милиони

Чанер Еркин (Фенербахче – Интер) бесплатно

Пјер Хојбјерг (Баерн Минхен – Саутемптон) 15 милиони

Џошуа Гилавоги (Атлетико Мадрид – Волфсбург) 3 милиони

Хатем Бен Арфа (Ница – ПСЖ) бесплатно

Антонио Кандрева (Лацио – Интер) 22 милиони

Нани (Фенербахче – Валенсија) 8.5 милиони

Аркадиуш Милик (Ајакс – Наполи) 32 милиони

Вкупно: 99 милиони евра

 

Трет состав:

Лорис Кариус (Мајнц – Ливерпул) 6.2 милиони

Коке (Севиља – Шалке) 4 милиони

Жоел Матип (Шалке – Ливерпул) бесплатно

Самуел Умтити (Лион – Барселона) 25 милиони

Џордан Лукаку (Остенде – Лацио) 5 милиони

Марсело Брозовиќ (Динамо Загреб – Интер) 5 + 3 милиони

Себастијан Роде (Баерн Минхен – Борусија Дортмунд) 12 милиони

Стефан Ел Шарави (Милан – Рома) 13 + 1.4 милиони

Марио Геце (Баерн Минхен – Борусија Дортмунд) 22 милиони

Денис Суарез (Виљареал – Барселона) 3.25 милиони

Висам Бен Једер (Тулуз – Севиља) 9 милиони

Вкупно: 104.45 + 4.4 милиони евра