Легендарен Французин: Манчестер Јунајтед официјално повеќе не е фудбалски клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер и репрезентативен селектор на Франција и Ливерпул Жерар Улие оштро го критикуваше Манчестер Јунајтед после што е доведен Пол Погба.

Легендарниот Французин успеа и да го навреди Манчестер Јунајтед, нарекувајќи го фабрика, а не фудбалски клуб, после што клубот од Олд Трафорд го купи од Јувентус францускиот репрезентативец за рекорден износ од 89 милиони фунти.

„Манчестер Јунајтед повеќе официјално не е клуб. Тој сега е обична фабрика од која исклучиво се заработува пари и никогаш повеќе ништо нема да биде“, рече Улие и додаде:

„Како тој може да оправда 89 милиони фунти?! Никако, тоа ќе биде проблем за Мурињо. Погба ќе игра под константен притисоки, а Жозе Мурињо ќе се фаќа за глава поради тоа“.