Нема понатака, Погба му даде на Ибра боговски прекар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Очигледно е дека тие двајца одлично ќе се сложуваат во Манчестер Јунајтед.

Двете најголеми и најатрактивни појачување на клубот од Олд Трафорд ова лето, стануваат се подобри ‘oртаци’ во екипата на Жозе Мурињо.

Навивачите на Јунајтед се надеваат дека и на теренот ќе го направат истото и дополнително ќе му донесат успеси на популарниот клуб, како секако и нови трофеи.

А во исчекување на тие успеси, Пол Погба објави на твитер заедничка слика со популарниот Ибра и на најефикасен начин покажа какво мислење има за својот нов соиграч.

Тој на Златан му даде надимак ‘Тор’, по угледот на богот на громот и молњата.

По ова останува на Златан да ја оправда оваа споредба и да почне да ја пуни мрежата на противниците.