Нејмар објасни зошто го одби Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар имаше шанса во 13-та година од животот да го облечи дресот на Реал Мадрид.

Нејмар тогаш стигна во Мадрид и , како што вели, не се чувстувал пријатно бидејќи тоа му било прв пат да дојде во Европа.

„Во тоа време не се чувстував пријатно и не се гледав далеку од родниот Бразил. Истотака, не сакав да брзам. Приоритет ми беше да бидам среќен и да станам професионален фудбалер, а тогаш да дојдам во Европа“, рече Нејмар.

Бразилецот во Барса стигна на лето 2013 година од Сантош и досега два пати ја освои Примера, еднаш ЛШ, два Куп на Кралот и Светско клупско првенство.