Погба дојде да освојува: Премиер лига, па Златна топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба стигна синоќа во Манчестер Јунајтед и официјално потпиша договор со Јунајтед.

Погба така се врати во клубот кој пред неколку години лесно се откажаа од него, кога за мала надокнада го пуштија во Јувентус.

Жозе Мурињо побара од управата да го доведат, а платен е неверојатни 89 милиони фунти.

Стана така поплатен и од Герет Бејл и Кристијано Роналдо.

А неговата цел е јасна: „Сакам да ја освојам лигата со Јунајтед бидејќи тоа не го успеав додека бев тука порано.

Лигата на шампионите, нормално, мојата желба. На кријам и дека ја сакам Златната топка и тоа е она што го сонувам“, рече Погба за MUTV.

„Се надевам дека тоа ќе дојде со време, но прво сакам да ја освојам Премиер лига, што никогаш не успеав да го направам“, додаде Французинот, кој освои четири по ред Скудета со Јувентус.