„Јувентус сеуште се исмејува на Манчестер Јунајтед поради Погба“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пол Погба во ова лето го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Манчестер Јунајтед.

Погба во 2012 година токму од Олд Трафорд стигна во Јувентус за околу 100 000 фунти, а сега Старата дама заработи 105 милиони евра.

Некогашниот фудбалер на Јувентус Андреа Пирло изјави дека челниците на Старата дама и понатака се исмејуваат на Јунајтед поради Погба.

„Се сеќавам на првиот тренинг во Јувентус, ние се смеевме бидејќи не можевме да веруваме дека Јунајтед го пушти. Сега Старата дама заработи преку 100 милиони евра и верувам дека сеуште се исмејуваат на Манчестер Јунајтед поради таа 2012 година“, рече Пирло.

Францускиот репрезентативец требаше денеска да дебитира по втор пат во дресот на Манчестер Јунајтед, но ФА пред неколку дена објави дека Погба сеуште нема дозвола да заигра за Јунајтед.