Реал одби 70 милиони за Мората


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид одби понуда вредна 70 милиони за Алваро Мората.

Одличниот напаѓач во ова лето се врати меѓу Кралевите од Јувентус.

Платен е 30 милиони евра, а актуелниот шампион на Европа пропушти шанса да заработи многу повеќе.

Градскиот ривал Атлетико, како што наведува шпански АС, понудил дури 70 милиони евра за Мората, но тоа Реал го одби.

Раководството на клубот не сакаше да го засили директниот ривал за титула, а останува да се види дали направиле добар потег.