Рутинска победа на Борусија Дортмунд против Фрајбург


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерите на Борусија од Дортмунд славеа вечерва победа против Фрајбург со 3:1 во рамките  на 5 коло од Бундеслигата.

    Екипата на тренерот Томас Тухел имаа проблем во првото полувреме со пронаоѓање на патот до голот на гостите, па создадоа само неколку шанси.

    Сепак, награда за трудот стигна во 45 минута од мечот кога Обамејанг после асистенцијата на Дембеле погоди за 1:0. Дортмунд и во второто полувреме продолжи со нападите па веќе во 54 минута ја дуплираа предноста и тоа после што Полјакот Лукас Пишчек ја погоди мрежата на Фрајбург.

    Сепак, за мечот до крајот да не биде резултатски решен се погрижи Филип кој во 60 минута погоди за намалување на водството на домаќините.

    Фрајбург до крајот на мечот сепак немаше сила за целосно да се врати во мечот и да земе бод.

    Домаќините успееја да постигнат уште ден погодок во првата минута од судиското продолжение и така да го решат прашањето на победникот.

    Стрелец беше Гереро. Дортмунд сега се израмни со Баерн на табелата, но екипата на Карло Анчелото има меч помалку.