Надежта последна умира: Победа на Македонија!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Нашите одбојкари стигнаа до првата победа во квалификациите откако успеаа да ја победат репрезентацијата на Естонија со 3:1 во сетови.

    Нашата репрезентација успеа да победи Естонија со 3:1 во сетови(13:25, 25:21, 25:23 и 25:16) и сега остануваме сеуште на последната 4-та позиција, но имаме 4 бодови додека Естонија има 5.

    До крајот претстои натпревар против Романија, а претходно Романија игра против Чешка. Доколку Романија изгуби, тогаш ќе има шанси Македонија утре од 15 часот во директен дуел против Романија да се бори за 2-то место во групата.

    Натпреварот лошо започна за нашата селекција, но успешно успеаа да си ги соберат силите и да направат неверојатен пресврт.