Старата дама со доста маки до победа на Сицилија


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус го победија Палермо со 1:0 во дуелот од 6 коло на италијанската Серија А.

    Со доста маки тимот на Масимилиано Алегри стигна до триум, иако тргна многу напаѓачки во овој меч. Првото полувреме донесе нешто подобра игра на Старата дама.

    Сепак, до гол не можеа да стигнат, а Палермо истотака имаше неколку опасни напади.

    Сепак, Јуве до погодок стигна на почетокто на второто полувреме.

    Ударот на Дани Алвеш во сопствената мрежа го внесе Голданига за предност на Јувентус од 1:0.

    Имаа гостите уште неколку добри шанси до крајот. Меѓутоа, резултатот не се менуваше, па со доста маки стигнаа до три важни бода.

    Илија Несторовски во екипата на Палермо влезе во 59 минута, а Трајковски поради повреда не настапи.