Роналдо ја откри целта што сака да ја оствари пред да се пензионира


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо уште нема намера да разсмилува за пензионирање.

    Кристијано Роналдо неодамна го прослави својот 31. роденден, и изјави дека сеуште нема намера да разсмилува за крај на кариерата. Португалецот вчера за шпанските медиуми изјави дека сака да го надмине Франческо Тоти и да игра уште десет години.

    „Верувам дека можам да играм уште десет години и дека кариерата ќе ја завршам кога ќе имам 41 година. Животот не е само за фудбалот и морам да мислам за остатокот на животот, но не сакам поради тоа да размислувам за тоа кога ќе ставам крај на мојата кариера“, изјави Роналдо.

    Овој фудбалер пред неколку години одлучи да започне бизнис и да го отвори хотелот „Pestana CR7“, а новиот хотел пред неколку дена го отвори во главниот град на Португалија, Лисабон.