Дебакл во Јане Сандански – МЗТ Скопје лесен залак за Партизан


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа поразени во салата Јане Сандански од Партизан (62:93) во натпревар од второто коло во АБА лигата.

    Oд самиот почеток на натпреварот кошаркарите на Партизан доминираа на теренот. Со 16:29 ја добија првата четвртина. Вторите десет минути само се зголемуваше предноста на белградскиот клуб, а МЗТ постигна само 9 поени. На полувреме Партизан имаше голема предност од 23 поени, 25:48. Следуваше израмнета игра на двете страни, но со голема предност гостинските кошаркари влегоа во последните десет минути од натпреварот, 46:70. Во последната четвртина кошаркарите на Партизан го тероризираа кошот на МЗТ. Најголемата предност на гостите беше 38 поени, 52:90. На крајот убедлива победа на Партизан од 62:93. Кошаркарите на МЗТ имаат два порази после два одиграни натпревари во АБА лигата.

    Темс со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ. Двоцифрен натпреварот го заврши и Мејси (15). Партизан до победа беше предводен од Хечер со 21 поен и Бирчевиќ со 19 поени. Маринковиќ додаде 16, а Мајсторовиќ 11 поени.