Лестер подготви богатство за овој играч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Премиер лигата сака да го доведе капитенот на Вотфорд во претстојниот преоден рок, иако клубот од Викариџ Роуд веќе одби две понуди во висина од 25 и 32 милиони евра за 27-годишниот Трој Дини, кои 2010 година го доведоа од Волс за само 1 милион евра.

Дини сака да добие дозвола да преговара со Лестер со цел од есен да игра во Лигата на шампионите, а  менаџерот на Лисиците Клаудио Раниери, според наводите на лондонски Тајмс, е спремен во наредните 48 часови да понуди дури 38 милиони евра во надеж дека тоа ќе биде доволно.

Доколку трансферот се реализира, Трој Дини ќе стане трет најплатен фудбалер во историјата на англискиот фудбал, после Енди Керол и Рахим Стерлинг, а после сезоната во која постигна 13 голови за Вотфорд.