Конте и Мурињо во војна: Битка на Јунајтед и Челси за дефанзивец


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Јунајтед и Челси сакаат играч на Рома.

    Според медиумите, Мурињо и Конте сериозно се заинтересирани за дефанзивецот на Рома, Антонио Ридигер.

    Јунајтед и Челси во јануари ќе се обидат да го донесат одличниог Германец, но проблем би можела да биде цената на трансферот.

    Наводно, Рома не сака да започне преговори доколку понудата биде помала од 45 милиони евра, а тоа не е мала сума за дефанзивец.

    Сепак, позицијата на лев бек е критично место во Челси, а особено и во Јунајтед. Мурињо нема премногу доверба во Лук Шо додека Блинд е мета на критики поради слабата игра.

    Исто така, овој играч може да игра како централен дефанзивец или лев бек, па би бил од голема корист и за едниот и за другиот тренер.