Арсенал испрати понуда за бразилски напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал испрати понуда за бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса, соопшти ЕСПН Бразил.

Актуелниот клуб на на 19-годишниот напаѓач доби официјална понуда од топчиите, но уште не е постигнат договор за овој трансфер.

Барбоса се мисли за еден од најталентираните фудбалери во Бразил. Го мислат за новиот Роналдо, а популарниот Габигол три години успешно настапува за првиот тим на бразилскиот гигант.

Вкупно има одиграно 148 натпревари за Сантос, постигна 54 погодоци, а со добрите игри заслужи и повик во репрезентацијата на Бразил. Во четири натпревари за сениорската репрезентација Габигол постигна 2 погодоци.

Неговата цена е 15 милиони евра, но лондонскиот клуб ќе мора да плати многу повеќе.