„Враќање во Италија? Може, но не во тој клуб“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели секогаш е интересна личност за интервју.

Балотели во кариерата промени многу клубови, а има само 26 години.

Кариерата ја почна во Интер, но никогаш не криеше декка всушност е голем навивач на Милан.

Денеска, после повеќе од шест години од неговото заминување од Интер, тој порачува дека враќањеот во тој клуб е нереална опција.

„Секогаш бев навивач на Милан и кога играв за Интер. Никогаш не вели никогаш, но ситуацијата околу Интер е комплицирана. Кога би се вратил во Италија, Милан ќе ми биде прв во мислите“, рече Балотели.

Тој истотака се наврати и на оваа сезона велејќи дека има намера да помогне на Ница да ја освои титулата.

„Мојата иднина? Моментално пробувам да ја освојам Лига 1 со Ница, а на крајот на сезоната ќе видиме што и како понатака. Ако имам добра сезона, без проблем со повреди, тогаш не е невозможно за мене да ја освојам Златната топка“, рече Марио.