Противник ни е Баерн? Ништо не ме чуди

December 12th, 2016 | by stefan
Противник ни е Баерн? Ништо не ме чуди
Лига на Шампиони
0

Во ждребот беше одлучено Арсенал да игра против Баерн Минхен во 1/8 финалето во ЛШ.

Арсенал го доби еден од најтешките ривали во нокаут фазата во ЛШ, но тоа не го чуди никој на Емирати.

„Мислам дека тоа можеше да се случи бидејќи игравме против Баерн пет или шест пати во последните шест години. 14-та сезона по ред сме во нокаут фазата и тоа само по себе нешто зборува“, изјави Дејвид Мајлс, генералниот секретар на Арсенал.

Арсенал во првиот натпревар ќе му гостува на Баерн, а во реваншот ќе биде домаќин.

Comments are closed.