„Нема повеќе да изведувам пенали“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Нианг нема да изведува повеќе пенали.

Нианг промаши два пенали по ред, а последниот вчера против Рома кој го чинеше неговата екипа бодови во Рим.

По натпреварот им се извини на навивачите поради промашувањето и кажа дека наредниот пенал ќе му го остави на Лападула.

„Ќе му го препуштам пеналот на Лападула. Во мојата глава одигравме добар натпревар и мора да продолжиме вака. Голема штета е поради неискристениот пенал. Поминуваме низ тежок период.“

„Повторно превземав одговорност и промашив. Се извинувам, но кога ќе се случат вакви работи, тогаш мора да ја спуштите главата и да работите уште повеќе.“