„Погба ни недостасува, но недостасуваме и ние на него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус Паоло Дибала во разговор за Кориере дело Спорт зборуваше за својот донеодамна соиграч Пол Погба, кој во летото во рекорден трансфер премина во Манчестер Јунајтед.

Младиот фудбалер откри дека Погба повеќе пати му признал дека му недостасува животот во Торино, иако Французинот неодамна изјави дека „Манчестер му е дома, а дека во Јувентус бил како на годишен одмор“.

„Сеуште сум во контакт со Погба, со кој останав во одлични односи. Ни недостасува нас, поради тоа што е фантастичен фудбалер, поради неговата смисла за хумор и атмосфера која ја прави во соблекувалната“, рече Дибала, кој потоа додаде:

„Истовремено, му недостасуваме и ние на него. Ми го рече тоа, а јас и сам знам дека му фали Јувентус. Само погледнете ја нашата позиција на табелата и во Англија каде е Манчестер и се е јасно“.

Пол Погба и Паоло Дибала во минатата сезона го носеа Јувентус до титулата во Италија, а Старата дама и во оваа е на добар пат да го направи истото.