„Ван Дијк не е на продажба!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ван Дијк во јануарскиот преоден рок нема да го менува клубот, изјави Лес Рид.

Иако за 25-годишниот играч покажаа интерес голем број на клубови, Саутемптон не се откажува од намерата да го задржи во својот тим.

„Ван Дијк не е на продажба. Немаме сеуште официјална понуда за него, а ако ја добиеме, ќе ја одбиеме!“

Ван Дијк игра на стоперската позиција и во Саутемптон стигна во септември 2015 година од Селтик за 15.7 милиони евра.

Со негова евентуална продажба Саутемптон би можел да заработи 3 пати повеќе пари, а неодамна се споменуваше дека го сака Манчестер Сити.