Официјално: Легендата на Лацио најде нов клуб!

January 12th, 2017 | by Dejan Cvetkovski
Официјално: Легендата на Лацио најде нов клуб!
Вести
0

Поранешниот капитен на Лацио, Стефано Маури по кратка пауза најде нов клуб, но овој пат во Серија Б.

Маури на крајот на минатата  сезона го напушти Лацио откако му заврши договорот со тимот, па остана без клуб.

Сепак, овој искусен играч за врска успеа да најде нов клуб, па денес потпиша за Бреша.

Овој 37-годишен фудбалер го носеше дресот на Бреша и пред 13 години и за клубот одигра 31 натпревар пред да премине во Удинезе.

Маури со Бреша потпиша договор до крајот на сезоната.

Во својата кариера настапуваше уште и за Модена додека за Италија одигра 11 натпревари.

Дури 10 сезони играше за Лацио за кој одигра 253 натпревари и постигна 42 голови.

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди