На Билиќ му гори под нозе! Паје не сака да игра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Димитри Паје, најдобриот играч во Вест Хем е главна тема деновиве.

Минатата сезона беше најдобар, а оваа се помалку го гледаме на теренот, со оглед на тоа шпекулациите се бројни, Марсеј сака да го врати во топлите делови на Франција.

Едно е сигурно, Паје сака да си оди оваа зима, а тоа го потврди и Билиќ.

„Имаме проблем. Паје сака да замине. Овој тим му даде се, му помагавме во се. Се чувствувам искористено и сум бесен“

„Рековме дека не сакаме да го дадеме никаде, тој е најдобар. Не сака да игра? Па добро, ние нема да го продадеме“ – изјави Билиќ