Челси испраќа понуда од 45 милиони евра за ѕвездата на англискиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каде ќе заврши французинот?

Изгледа дека добивме вистинска трансфер сапуница, а главниот јунак е Димитри Паје. Славен Билиќ е незадоволен од него, а французинот сака да си замине.

Според Сан, Челси наводно е спремен да понуди 45 милиони евра за Паје, фудбалерот кој има уште четири години договор со Вест Хем.

Сините имаат повеќе пари за зимскиот преоден рок бидејќи неодамна го продадоја Оскар за 60 милиони евра. Паје не беше прва мета на Конте. Тоа беше Артуро Видал, но Баерн лесно го одби обидот на Челси кој потоа се насочи кон градскиот ривал.

Истиот извор соопшти дека раководството на чеканите ја одби понудата за Паје на поранешниот негов клуб, Марсеј кој испрати 22 милиони евра.

Оваа сезона Паје има одиграно 22 натпревари и постигнато 3 погодоци за Вест Хем.