Бразилските медиуми откриваат – Каде навистина ќе заврши Коста?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Диего Коста во последните неколку денови се поврзуваше со Кинезите, а претходно имаше и караница со Антонио Конте.

Англиските медиуми пред неколку денови открија дека тој се скарал со Конте и ќе си заминел од клубот.

Сепак, Коста реши да ги тргне сите дилеми, па даде изјава за бразилските медиуми.

Напаѓачот на Челси изјави дека има понуда од Кина која тешко се одбива поради финансиски причини, но дека во овој момент нема желба да го напушти тимот.

Наводно, еден од тимовите на Коста му понудил плата од 400.000 фунти.

Сепак, тој сеуште сака да игра и има што да понуди во европскиот фудбал.

„Екскулузивно, Диего Коста за ЕСПН изјави дека нема желба да оди во Кина, па кажа дека ќе остане во Челси.“