Румениге потврди дека доаѓаат двајца играчи од Хофенхајм!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никлас Зиле и Себастијан Руди како што веќе имаме пишувано се договорија со Баерн Минхен.

Овие двајца играат во Хофенхајм а на 1ви јули во пакет ќе се преселат на Алијанц Арена.

Руди ќе потпише договор на 3 години, додека Зиле ќе потпише 5 години со Баерн Минхен.

„Многу сме задоволни што Руди и Зиле доаѓаат во Баерн. Постигнавме договор со Хофенхајм, и да нагласам дека преговорите беа навистина фер и конкретни“ – изјави Румениге.