„Ги разбирам играчите кои заминуваат во Кина“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оливие Жиру откри во изјава за медиумите дека еден ден и тој би можел да замине во Кина.

Тој вели дека ги разбира фудбалерите што заминуваат во Кина, затоа што е свесен дека тешко се одбиваат такви милиони.

„Тие понуди се интересни. Кога ќе ви понудат толку пари, тогаш чувствувате дека вредите повеќе.“

„Ги разбирам фудбалерите кои заминуваат во Кина, а можеби и јас ќе отидам еден ден. Сега не, но никој не знае што носи иднината.“

Жиру игра во добра форма во последно време, а досега на 14 натпревари постигна 7 голови во ПЛ.