Алегри веќе знае каде ќе оди после Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус претходното коло доживееја пораз од Фиорентина со 2:1.

Јувентус и понатаму е прв но со натпревар повеќе и само еден бод пред Рома, па со оглед на тоа веднаш излегоа шпекулации дека Алегри ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона.

Но медиумите од Британија веднаш почнаа да пишуваат дека Алегри мирно ќе го прифати отказот со оглед на тоа дека има понуди од Арсенал и Тотенхем.

Дали Алегри ќе го замени Венгер или пак Покетино кој кариерата ќе ја продолжи во Барселона, останува да видиме.