Официјално: Сити донесе ново засилување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити денес официјално го претстави Габриел Жесус.

Тој 19-годишен напаѓач минатото лето договори трансфер од Палмериас во Сити, но до јануари беше член на бразилскиот тим.

Жесус одамна стигна во Манчестер, но поради проблеми со документите околу трансферот, официјалниот потпис на договорот беше одложен.

Сепак, се е решено во минатите денови и денес тој потпиша договор.

Младиот Бразилец кој постигна 28 голови во 85 натпревари за Палмериас откри зошто се преселил во Манчестер.

„Сакам да освојувам титули со Сити. Овој клуб се бори за најголемите титули и тоа беше мојот најголем мотив да дојдам тука.“

Овој фудбалер ќе го носи дресот со број 33, а деби би можел да има против Тотенхем во сабота.