Последна понуда: Галијани испрати финален мејл за Делуфеу!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако прифатат одлично, ако не – тогаш одиме понатака“, рече Галијани.

На Милан му се смачи и повеќе нема што да чека. На адреса на Евертон е испратена последната понуда за шпанскиот фудбалер Џерар Делуфеу. Во прашање е плаќање на позајмица со право на откуп.

Тоа го потврди и шефот на клубот Адријано Галијани.

„Ја испративме последната понуда на Евертон за Делуфеу – во прашање е платена позајмица со право на  откуп. Ако прифатат – одлично, ако не – тогаш одиме понатака. Направивме чекор напред, се надевам дека и тие ќе направат чекор назад и дека ќе се најдеме на средина. После обична позајмица сега нудиме и тоа да го платиме со опција за купување, ќе видиме дали ќе прифатат. Се надевам. Испратив емаил пред 10 минути и ќе видиме што ќе се случи“, рече Галијани за Калчомеркато.

Росонерите, наводно, се спремни да платат 500 000 евра за шестмесечна позајмица со опција за купување од 18 милиони евра.

Сега Евертон е на потег.