Фудбалот станува буквално бизнис: Донарума добива 62 пати повеќе плата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа вест ја јави италијаски Раи Спорт.

Најголемата борба на Милан во наредните месеци ќе биде  – како да го задржи Џанлуиџи Донарума. Ќе следат преговори околу продолжување на соработката, а како што Раи Спрот јавува менаџерот на Донарума Мино Раиола ќе бара четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра!

Тоа е 62 пати повеќе отколку што Донарума сега заработува…

Неговиот моментален договор трае до јуни 2018 година, а го потпиша во јули 2015 година, што е негов прв професионален договор. Затоа и е така мала платата. Далеку помалку отколку што ќе има.

За овој голман заинтересирани се и Јувентус и Челси.