Пред него повеќе нема никој, дали е време да зема милион фунти неделно?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега кога ги сруши сите рекорди, можеби е време за уште еден…

Вејн Руни постигна се, најдобар стрелец во историјата на Англија и Манчестер Јунајтед, а наскоро може да постави и нови граници.

Имено, како што пишуваат медиумите во Англија доби понуда од соништата, таа е милион фунти неделно, се зборува дека е во прашање најмоќниот кинески и најмоќниот клуб во Азија, Гванжу.

Со други зборови „Ваза“ би заработувал на Далечниот Исток околу 60 милиони евра годишно, тоа е речиси дупло во однос на најплатените играчи на светот.

Може ли трансферот да биде реален во јануари?

Тешко, тој сака да остане до крајот на сезоната со Ѓаволите, а тогаш да оди во Кина.

Но, ваквата понуда важи за јануари, на три години, Руни би зел околу 200 милиони евра.

Тој секако би бил најголемо име во Кина, и локалните фудбалски челници, но и самата влада сметаат дека тоа ќе придонесе за голема популаризација на фудбалот, и дека со Меси и Роналдо кои се невозможни мисии, Руни е најпопуларен играч на светот.