Кожув го декласира Фени Индустри во БИБЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Кожув го победија Фени Индустри со 89:73 во натпревар од БИБЛ лигата.

После првата четвртина Кожув имаше водство од четири поени, 22:18. На почетокот на втората четвртина Кожув стигна до првото двоцифрено водство на натпреварот, 31:20. Домашните со осум поени предност заминаа на полувреме, 48:40.

Во третата четвртина доминација на кошаркарите на Кожув. Пред последните десет минути од натпреварот Кожув влезе со голема предност од 17 поени, 68:51. Кожув во последната четвртина ја задржа големата предност и на крајот победи со 89:73.

МекНил со 25 поени го предводеше Кожув до победа. Хал додаде 16, Крстевски 14 и Мијовиќ по 14, а Ѓурасовиќ 12 поени. Николовски беше најефикасен во тимот на Фени со 16 поени. Џекиќ додаде 14, а Магдевски 11 поени.