„Ботас е добар колку Розберг“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Ники Лауда смета дека екипата на Мерцедес не изгубила ништо со заминувањето на Розберг и доаѓањето на Ботас.

„Моравме брзо да ја решиме ситуацијата и тоа го направивме на најдобар можен начин. Ништо не изгубивме. Не беше лесно да се замени Розберг, но Ботас е исто така добар.“

Сепак, тој имаше само пофални зборови за поранешниот шампион.

„Тој напредуваше исто како и болидот, сакаше да учи, сакаше секој ден да дознае нешто ново. Сите не изненади неговата одлука, но ако му недостигаше мотив, тогаш најдобро што замина.“