Шкендија ги заврши подготовките во Анталија со победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Шкендија во последниот пријателски натпревар на подготовките во Анталија го победија Окжетпес од Казахстан со 2:1.

Шкендија до водство на натпреварот стигна во 24-та минута кога Меѓедовиќ ја затресе мрежата на казахстанскиот клуб. Пред крајот на првото полувреме казахстанскиот клуб израмни.

Победата на Шкендија му ја донесе Шпенд Асани во 82-ра минута.

Со две победи Шкендија ги заврши подготовките во Анталија, а покрај Окжетпес, Шкендија ја побед и Подбрезова.