Соколите замрзнаа на -34 во Црна Гора – Будуќност имаше полесен тренинг против македонскиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи загубија во Црна Гора од Будуќност убедливо со 95:61 во натпревар од 22-ро коло во АБА лигата.

Домашните започнаа со серија од 6:0. Соколите намалија на 16:15 и од тој момент до крајот на првата четвртина не постигнаа кош. После првите десет минути игра Будуќност имаше огромно водство од 20 поени, 33:15.

Во текот на втората четвртина водството на црногорскиот клуб варираше. Пред крајот на првото полувреме кошаркарите на Будуќност направија серија од 7 поени за 58:33 за после дваесет минути игра.

Доминација на Будуќност и во третата четвртина. Во последните десет минути од натпреварот влегоја со огромна предност од 30 поени, 75:45.

Будуќност одигра рутинирано во последната четвртина од натпреварот. Црногорскиот клуб на крајот победи со 95:61. 13-ти пораз на Карпош Соколи оваа сезона во АБА лигата.

Будуќност беше предводен од Рејнолдс со 18 поени. Лабовиќ со 16 поени беше најефикасен во тимот на Карпош Соколи. Пери постигна 15, Трајковски 14, Зековиќ 10, Соколов, Пенов и Шепа по 2 поени.