Голем пех за „Кнежевците“, но и лоша вест за Арсенал и Јуве!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Монако доживеа тешка повреда поради што ја заврши сезоната.

Уште еден во низата играчи кои што експлодираа во оваа сезона во дресот на Монако е и Габриел Боскиља.

Овој 20-годишен Бразилец игра феноменално во оваа сезона, постигна шест гола и запиша две асистенции, а поради три погодоци кои ги постигна од слободен удар доби и прекар „новиот Жунињо“.

Сепак, доживеа незгодна повреда во победата на Кнежевците над Мец од 5:0, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Боскиља е опериран. Нема да ни биде на располагање во наредните шест месеци“, изјави тренерот на Монако Леонардо Жардим.

Доживеа една од тешките фудбалски повреди, имено ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе биде подлегнат на оперативен зафат.

За ова момче веќе владее голем интерес, а наводно за неговите услуги најмногу се „загреани“ Арсенал и Јувентус.