Венгер призна: Баерн беше подобар од нас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал вечерва доживееја катастрофа во Минхен против Баерн во меч од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Топџите се поразени со 5:1 и така практично се простија од ова натпреварување иако остана реванш на Емирати.

Арсенал имаше 1:1 после првото полувреме, но тогаш следеше вистинска катастрофа во второто полувреме.

Навивачите на лондонската екипа после мечот го нападнаа на друштвените мрежи Арсен Венгер и бараа негово заминување од клупата на Арсенал.

Сепак, францускиот стручнак после бламажата на Алијанц Арена беше поприлично смирен, и даде изјава во свој стил.

„Да, Баерн вечерва беше подобар од нас. Играа подобро во второто полувреме, но мораме да признаеме дека во финишот на првиот дел можевме да дојдеме до предност бидејќи имавме две одлични шанси. Во вториот дел не бевме на своето ниво и на крајот Баерн тоа го искористи. Се ова е тешко да се објасни“, рече тренерот на Арсенал.