Голема желба на Интер е играчот за врска на ПСЖ, доколку останат без него, ова се алтернативи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новите сопственици на Интер, „Сунинг Група“, планира ги врати „Нероаѕурите“ на старите стази на слава.

После турбулентниот старт на сезоната, прво отпуштањето на Манчини, потоа поставувањето на Де Бур, па и неговото отпуштање, доаѓањето на Стефано Пиоли ја однесе екипата на вистинскиот пат.

Интер игра се подобро, повеќе ни Лигата на шампионите не е така далеку, моментално се петти со шест бода помалку од Наполи, кој се наоѓа на третото место, последно место кое води во елитното натпреварување.

Амбициите на сопствениците се високи, и спремни се на лето да потрошат доста пари, со цел на Пиоли да му стават на располагање што подобар тим.

Голема желба на Пари Сен Жермен е Марко Верати, но јасно е дека ќе биде многу тешко да се ангажира младиот Италијанец кој е важен шраф во четата на Унаи Емери.

И покрај тоа што е практично незаменлив на Паркот на Принцевите, за неговите услуги владее огромен интерес.

Доколку навистина и не успеат да го ангажираат, за тој случај се подготвени две алтернативи.

Првата е фудбалерот на Сасуоло Лоренцо Пелегрини. Ова момче во 2015 година стигна од Рома во Реџо Емилија, а Волчицата има право на првенството купување за сума од 10 милиони евра.
Во оваа сезона посебно привлече внимание на себе, бидејќи игра многу добро во екипата на Ди Франческо.
Постигна пет голови во Серија А, запиша и три асистенции, незаменлив во првиот тим на Сасуоло, а кога на себе ќе се додаде дека има само 20 години, јасно е дека пред него е убава иднина.

Втората опција е момчето кој веќе беше на Меаца, но во младинските категории, а неговото име е Марко Бенаси.

Играчот за врска на Торино и дебитираше соевремено за првиот тим на Нероаѕурите, а запиша вкупно шест настапи за сениорите.

Во редовите на Торино се пресели во 2014 година, а во оваа сезона под палката на Синиша Михајловиќ е повеќе од добар.

Запиша пет голови и две асистенции, еден од најстандардните во редовите на Биковите во оваа сезона.