„Дибала вреди 150 милиони евра, тој е новиот Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пауло Дибала е платен 32 милиони на Палермо во 2015-та година.

Покажа дека е вистинско засилување за Јувентус. Игра одлично во тимот, а со своите игри привлече внимание на Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити.

Вечерва Дибала игра против поранешниот тим.

Претседателот на Палермо покажа голема почит кон него.

„Ги следам сите натпревари на Јувентус и Дибала е најдобар. Секој кој го критикува е луд, тој е новиот Меси.“

„Сите сакаат врвни фудбалери,а  Дибала вреди 150 милиони евра. Откако дојде овде тоа му го зборував.“

Одличниот 23-годишен фудбалер оваа сезона постигна 8 голови и 5 асистенции во сите натпреварувања.