Три фудбалери се обвинети за наместени натпревари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три поранешни фудбалери на Бетис официјално се обвинети за наместување на натпревари во сезоната 2013/14.

Карацо, Фигуерас и Чави Торес се најдоа на обвинителната клипа поради сомнеж дека примиле 650.000 фунти од раководството на Осасуна за да му помогнат на тимот да остане во лигата.

Судијата Отаменди изјави дека управата на Осасуна сакала да направи се за да остане тимот во Примера.

Платија повеќе играчи за да се поклопат резултатите, а вкупно 18 луѓе се обвинети.

Сепак, на крајот тоа не им успеа.

Бетис и Осасуна испаднаа од лигата, како и Ваљадолид, против кој играше триото во наместениот натпревар.

Ниту еден од трите фудбалери не го носи повеќе дресот на тој клуб.

Чави Торес го носи дресот на Спортинг, Фигуерас игра за Карлсруе додека Карацо е во Валекано.