Милан купува во Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се зборуваше и во минатото лето, но тогаш Милан немаше пари, на лето тоа може да се промени.

Милан наскоро ќе добие нови сопственици кои планираат да вложат доста пари во реконструкција на играчкиот кадар.

Вчера пишувавме дека идниот спортски директор на Росонерите Мирабели следеше двајца играчи на натпреварот од 1/16 финалето на ЛЕ меѓу Гладбах и Фиорентина, повеќе ТУКА, а сега се појави приказна дека на Сан Сиро може да стигне и фудбалер на Тотенхем.

Имено, Галијани уште во летото проба да го доведе Муса Сисоко од Њукасл, но не можеше да се носи со понудите од Евертон и Спарси, и Французинот на крајот заврши на Вајт Харт Лејн.

Не оди се по поранешниот играч на Тулуз како што треба во Лондон, па се шпекулира дека веќе во наредното лето може да ја промени средината.

Милан има доста пари, делува дека Монтела може да добие големо засилување, а за услугите на Сисоко е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Тулуз, но јасно е дека Росонерите во секој поглед се примамлива опција за францускиот репрезентативец.