Мурињо го обезбеди првото засилување за лето?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед изгледа беше побрз од Рома во врска со Виктор Линделоф.

Италијански Тутомеркако пренесува дека Рома е спремна да направи се со цел да стигне до Виктор Линделоф од Бенфика, но тука постои проблем.

Во прашање е наводно преддоговорот на Линделоф, Бенфика и Манчестер Јунајтед кој е потпишан во текот на јануарскиот преоден рок.

Тој документ обезбедува премин на репрезентативецот на Шведска на Олд Трафорд на крајот на оваа сезона, па така Мурињо веќе го обезбеди првото засилување за лето.

Линделоф игра на позиција стопер и десен бек. Има 2 години и договор со Бенфика до јуни 20202 година.

Негова цена се движи, според сајтот Трансфемаркт, е околу 12 милиони евра.