Се е готово – Барса доведе дефанзивец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се е готово, пренесоа сите бразилски медиуми.

Фудбалските клубови Барселона и Палмеирас се договорија за Џери Мина да стане играч на Каталонците после Светското првенство за клубови на крајот на оваа година.

Како што беше и најавено во минатата недела, Колумбиецот ќе премине на Ноу Камп на крајот на оваа година.

Бразилските медиуми потврдија дека Барселона заврши зделка вредна 9 милиони евра и дека Мина ќе потпише договор на пет години.

Мина инаку е висок дури 195 см и го предводеше Палмеирас до титулата во Копа Либертадорес, а прогласен е и за најдобар дефанзивец во бразилското првенство.

Мина е роден во 1994 година, а за репрезентацијата на Колумбија одигра пет мечеви.