Барса пронајде десен бен на островот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Каталонците тргнаа во акција и дека подготвија 15 милиони фунти за трансфер.

Откако Дани Алвеш замина од Ноу Камп, позицијата десен бек во Барселона е поприлично несигурна.

Луис Енрике воглавно тука го форсираше Серхио Роберто, кој по вокација е играч за врска, „Лучо“ имаше пик на Алеиш Видал кој е доведен од Севиља како природен наследник на Бразилецот, но недолку потоа  „закопаните воените секири“ меѓу нив двајца Видал доживеа повреда и долго ќе отсуствува од теренот.

„Телеграф“ во денешното издание донесува приказна дека Барселона сака да го реши овој кадровски проблем со доведување на Седрик Соареш од Саутемптон.

Португалецот кој во минатото лето имаше важна улога во освојувањето на Европското првенство во Франција блеска во дресот на Светците веќе долго време по ред, па така интересот за Каталонците за него не изненадува.

Прашање е само дали 15 милиони фунти ќе бидат доволни, посебно кога ќе земеме во предвид дека сумите во Премиер лигата околу трансфери на фудбалери значително е скромна за квалитетите од Седрик.

Не е занемарливо ни тоа што португалскиот репрезентативец под договор со Саутемптон е до 2020 година. Тој детал на Англичаните дава одличен преговарачки потенцијал.

 

Седрик Соареш има 25 години, изданок од прочуената академија на Спортинг од Лисабон и одигра блиску 100 мечеви за Лавовите во сениорска конкуренција пред да стигне во Саутемптон во летото 2015 година за 4.7 милиони фунти.