Хандановиќ доби понуда која не може да ја одбие?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Интер, Самир Хандановиќ, на крајот на сезоната може да ја напушти Серија А и својата кариера да ја продолжи во англиската Премиер лига.

Според пишувањата на италијанските медиуми Хандановиќ се наоѓа на излезните врати на Интер будејќи доби понуда која едноставно не може да ја одбие.

Имено, се работи за понуда од Манчестер Сити бидејќи Пеп Гвардиола побарал од челниците на клубот за на крајот на сезоната Словенецот да го доведат на Итихад.

Хандановиќ пред неколку месеци изјави дека нема да го напушти Интер доколку не дојде понуда која ја чека.

Се чини дека понудата на Манчестер Сити е токму таа што овој голман ја сака, а постои голема можност дека во наредната сезона ќе го гледаме на Итихад.

Наводно, Интер на сака ништо да препушти на случајот и веќе  тргна во потрага за нов голман.

Како што пишува Фудбал Италија Интер го сака голманот на Атлетико Мадрид,  Јан Облак.

Но, дури на лето може работите да бидат појасни.