Никогаш не е доста од фудбал – Легендата во април се враќа на фудбалските терени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот германски голман Тим Висе се враќа на фудбалските терени на почетокот на април.

Тој веќе долго време не се занимава со фудбал, а последен клуб за кој бранеше беше Хофенхајм.

Тој во последно време целосно се посвети на кечерството и неодамна ја имаше својата прва борба.

Со оглед на тоа дека го смени физичкиот изглед, многумина сметаат дека нема тој повеќе да застане помеѓу стативите, но грешат.

Висе потпиша договор со Дилинген, а деби треба да има во април месец.

Станува збор за тим кој игра во 8-та германска лига и чиј претседател е добар пријател со поранешниот голман на Вердер.

„Ова е неверојатна работа за нашиот клуб. Луѓето ќе видат што е подготвен клуб од 8-ма лига да организира.“