Гоџија повторно стигна до победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во само 2 денови Софија Гоџија стигна до 2 победи во Светскиот куп.

Италијанката победи во спуст и така стигна до првата победа во кариерата, а денес во трката во супервелеслалом во Јеонгсеон победи со време 1:20.35.

Второ место беше Вон со само 4 стотинки заостанување, а трета беше Штухец со 1:20.86.

Во супервелеслалом води Штухец со 350 бодови, а следуваат Ваитрадер и Гут. Гоџија е 5-та со 240 бодови.

Во генералниот пласман Шифрин е прва со 1323 поени, пред Штухец со 1145 и Гут со 1023 поени.