Не им е на сите добро во Баерн – Расте се повеќе незадоволството!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Даглас Коста призна дека е незадоволен.

Коста не може да прифати дека не е дел од првиот тим на Баерн, а наводно сака и поголема плата во клубот, по што претседателот Ули му кажал дека не е социјален случај.

„Би излажал кога би кажал дека сум среќен тука. Во овој момент не знам дали е пореално да останам или да заминам некаде каде што ќе играм повеќе.“

Тој оваа сезона постигна 6 голови и 9 асистенции во сите натпреварувања, но Анчелоти не го сака многу, па пред него играат Робен, Коман, Рибери..

Коста во Баерн стигна од Шахтјор, а започна да игра фудбал во Гремио.

За Бразил одигра 18 натпревари и постигна 3 голови.