Арпад Штербик неверојатен – Вардар со победа против Кристијанштад ја заврши групната фаза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во СЦ Јане Сандански го победија Кристијанштад во натпревар од последното 14-то коло во Лигата на Шампионите, 32:30.

Вардарци отворија со три погодоци во низа, 4:1. Со два погодоци во низа зголемија на плус четири, 6:2. Гостите од Шведска со два погодоци во низа се вратија во натпреварот, 10:9.

При намалувањето на еден негатива, ракометарите на Вардар постигнаа три погодоци во низа за 13:9. Предноста на црвено-црните потоа се зголеми и на пет погодоци, 16:11. На полувреме Вардар имаше предност од четири погодоци, 17:13.

 

На почетокот на второто полувреме Вардарци постигнаа два погодоци во низа, 19:13. Ракометарите на Кристијанштад возвратија со иста мерка и намалија на четири негатива, 19:15.

Гостите со три погодоци во низа стигнаа до два негатива, 20:18. Кристијанштад во 43-та минута од натпреварот намали на еден негатива, 22:21. Осум минути пред крајот на натпреварот Вардар имаше водство од три погодоци, 27:24. Гостите постигнаа два погодоци во низа за 27:26.

Вардарци со два погодоци во серија зголемија на 30:27. На крајот победа за Вардар од 32:30.

10-та победа за Вардар во групната фаза.

 

Вуко Борозан го предводеше Вардар со 6 погодоци. Иван Чупиќ,и Хорхе Македа постигнаа по 4 погодоци, Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ и Данил Шишкарев по 3, Рожерио Мораеш, Жоан Канељас и Лука Циндриќ по 2, Владо Недановски, Алекс Душебаев и Тимур Дибиров по 1 погодок. Огромен придонес во победата имаше и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој го заврши натпреварот со 21 интервенција. Соренсен најмногу се истакна кај Кристијанштад со 7 погодоци.

Вардар се пласира директно во четвртфинале, а Киелце, Сегед, Рајн Некар, Мешков Брест и Загреб ќе играат во 1/8 финале. Цеље и денешниот противник на Вардар, Кристијанштад ја завршија својата европска турнеја.

Црвено-црните во 1/4 финалето ќе играа со подобриот од натпреварот Фленсбург – Мешков Брест.