Конте побара пари од Абрамовиќ за пеколни четири засилувања и напад на ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Антонио Конте од клубот побара да му доведе четворица фудбалери.

Конте најверојатно ќе ја освои титулата во ПЛ, а во игра е и во ФА Купот.

Добрите резултати не поминаа незабележано и претседателот на клубот, Роман Абрамовиќ не сака на крајот на сезоната да го изгуби фантастичниот италијанец кој има многу понуди.

Конте е спремен да остане, но сака да ја нападне титулата во ЛШ и целта му е со неколку нови имиња да го направи уште посилен Челси.

Сака двајца во одбрана, еден фудбалер за врска и еден напаѓач. Ќе се обиде во средниот ред да го доведе Видал од Баерн Минхен, а опциите во нападот се Мората од Реал Мадрид и Белоти од Торино, а не е исклучена опцијата и Санчез од Арсенал.

Што се однесува до одбраната, желбата е Бонучи од Јувентус, а на позицијата бек да го доведе Де Шиљо.